Измените на Изборниот закон на собраниска седница, консензус меѓу партиите уште нема

Двата предлог закони за измени и дополнувања на Изборниот законик, на кој беа поднесени неколку илјади амандмани се на дневен ред на денешната 123-та собраниска седница. Измените предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

Иако овие две точки се на дневен ред на собраниската седница, партиите немаат постигнато консензус по прашањето на промени на Изборниот законик.

На дневен ред на оваа седница се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана, Дополнетиот предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители, исто така во второ читање, како и Дополнетиот предлог на закон за лобирање, сите во второ читање.

Пред одржувањето на 123-та, Собранието има закажано и продолжение на 130-тата седница во чии рамки пратениците, меѓу другото треба да расправаат за Дополнетиот Предлог закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Македонија, во второ читање, како и за предлог законите за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој, Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, по скратена постапка и по Договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка, во второ читање.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе