Усвоени измени во прво читање

Измени во Законот за личната карта, за етничките заедници да има етничка припадност, за Македонците - Македонци/граѓанин на РСМ

На предлог на пратеници од СДСМ и ДУИ рано утрово пратениците од собраниското мнозинство се согласија со предложените измените во Законот за личната карта во прво читање. Предлогот е во образецот за личната карта за припадниците на етничките заедници да има податок и за етничката припадност. Во Преспанскиот договор, член 1 став 3 пишува дека „националноста на Втората страна ќе биде Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, како што ќе биде запишано и во патничките документи“, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

Во образложението за овие измени пишува:

„Со Законот за личната карта се утврдува дека личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството на Република Македонија, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Македонија.

Во членот 5 став 2 од овој закон се утврдуваат податоците кои треба да ги содржи образецот на личната карта, и тоа: презиме и име на граѓанинот; државјанство; пол; датум на раѓање; матичен број на граѓанинот; датум на издавање на личната карта; датум на важење на личната карта; место на раѓање на граѓанинот; живеалиште и адреса на граѓанинот; надлежен орган кој ја издал личната карта;  број на личната карта и потпис на имателот на личната карта.

Од причина што сметаме дека припадниците на етничките заедници согласно со Уставот на Република Северна Македонија, имаат право да ја искажат својата етничка припадност, предлагаме во членот 5 став 2 покрај другите податоци да биде предвидена и етничката припадност“, се наведува во законското образложение на пратениците Јован Митревски, Фадил Зендели, Теута Билали и Мухамед Зекири.

 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе