Излезноста во Маврово-Ростуше и Центар Жупа над 14 осто до 11 часот

Според податоците на Државната изборна комисија во Општината Центар Жупа до 11 часот гласале 14,47 отсто од запишаните гласачи, додека во Општината Маврово - Ростуше на гласање излегле 14,11 отсто од гласачите. Во Тетово излезноста е пониска и изнесува 6,69 отсто од гласачите со право на глас.

Гласање во Маврово - Фото: МКД.мк

Според претседателката на ОИК во Маврово-Ростуше, Ивана Ѓорѓиевска, до сега не се забележани неправилности или прекини во изборниот процес и сѐ се одвива во нормални услови.

Претходно, на првиот пресек до девет часот, во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи, односно излезноста беше 5,52 отсто. Во оваа општина има 39 избирачки места за право на глас имаат 9.948 граѓани.

Во Центгар Жупа во 9 часот на гласање излегле 5,6 отсто од избирачите, односно 407 лица.

Во Тетово се гласа за избор на нов општински Совет откако пролетоска Советот се расушти бидејќи не беше изгласана завршната сметка на Општината.

Во Маврово - Ростуше и во Центар Жупа се гласа во еден круг за избор на градоначалници, бидејќи во претходните изборни циклуси градоначалници не беа избрани поради тоа што излезноста на избирачите беше под законскиот праг од најмалку една третина од граѓаните со право на глас.

Легенда под Главна слика

Гласање во Маврово - Фото: МКД.мк

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе