Според ДИК

Излезноста на изборите е 39,83 отсто

Според резултатите објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија од обработените 99,53 проценти од избирачките места, одѕивот изнесува 39,83 отсто, односно гласале 716.828 лица, од вкупниот број 1.808.131.

До 18:30 часот најголема излезност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто,а најниска во Боговиње 17,93 отсто.

„Врз основа на она што преку целиот ден го следевме можам да кажам дека изборниот ден за овие претседателски избори добива една преодна оценка со оглед на многу малиот број ситуации во коишто имаше можеби нарушување на гласачкото право на гласачите. Тие го искористија нивното право на приговарање ние по нивните приговори одлучивме .Сметам дека воглавно денот со исклучок на местата што изутрината не беше отворено помина добро и се надевам дека преостанатите половина час ќе поминат исто така во мирна и добра атмосфера. Ќе можеме многу бргу тука да ги добиваме резултатите и да видиме како гласале граѓаните“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. 

На 3.480 избирачки места во земјава денеска можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе