Изјавата на Закаријаш, ако е прецизно пренесена, е целосно спротивна на португалскиот предлог, велат од Владата

Ако е прецизно пренесена, изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот и културните димензии на двете земји, и по суштина и по методологија е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение, велат од Владата.

„Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Северна Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања“, велат од Владата и додаваат дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање.

Според реакцијата од Владата, македонскиот јазик е едно од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признаен и кодификуван јазик со своите уникатни специфики, потврден со Договорот од Преспа и запишан во личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации.

„Македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет“, се додава во реакција на Владата.

Ракцијата од Владата следи по објавата на бугарските медиуми дека Закаријаш изјавила оти „дебатата меѓу Северна Македонија и Бугарија е тешка и поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји и со идната соработка“, како и дека  „очигледно е поврзана со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји".

Вака пренесената изјава ја демантираше португалската амбасадорка во земјава Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, која рече дека Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку напротив постојано се обидува да го олесни.

Пина, во изјава за Дојче Веле рече дека Закарија реклакажала дека „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“.

Премиерот Зоран Заев, претходно, одговарајќи на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција во Владата во врска со пренесената изјава на Закаријаш, изјави дека Министерството за надворешни работи ќе ја провери автентичноста на изјавата, повторувајќи го ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решавање на разликите, бидејќи нуди решение, но не зазема страни.

„Во самиот предлог во преговарачката рамка е решението ‘преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик‘. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската страна, каде што, веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста“, рече Заев.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе