Само прашај

Изгради си на диво, па легализирај го криминалот

Истражувањето на Институтот за комуникациски студии за бесправното градење во Охрид, Струга и Матка покажа дека е полесно да се „дигне“ дивоградба отколку да се урне. Главни виновници за тоа се политичарите коишто континуирано градат фаличен систем, без капацитет да се справи со узурпацијата на нашето природно богатство.

Дивоградбите го преземаат приматот на староградските куќи како заштитен знак на Охрид. Бесправно изградени викендички, семејни куќи, поткровја, станбени згради, па дури и хотели се распослани во срцето на Националниот парк Галичица, на крајбрежјето и во централното подрачје на градот на УНЕСКО. Во Охрид има несоодветна урбанизација. Се зафаќаат слободните простори покрај брегот на езерото и се пополнуваат слободните зелени површини во старото градско јадро со нови градби.

И покрај сите слабости, во Охрид и понатаму се гради. Општината продолжува да издава одобренија за градба иако една од препораките на УНЕСКО беше да се прогласи мораториум на каква било урбана и крајбрежна трансформација во рамките на светското наследство.

 

За разлика од Охрид, каде што локалната самоуправа барем покажува свест за потребата да се задржи статусот на Светско природно и културно наследство, во соседната Општина Струга на дивоградбите и уништувањето на крајбрежјето гледаат со изместена диоптрија, односно го игнорираат овој проблем. На мапата јасно се гледа дека токму кај Струга и во нејзината околина има најинтензивно уништување на трската и најзабележителни се крајбрежни градби и платформи. Се констатира дека во поединечни подрачја трската е неконтролирано уништувана од страна на човекот со сечење, палење, корнење, натрупување со земјиште и градежен шут, со цел добивање на т.н. „корисни површини“ за различни цели (обработливи површини, места за депонирање земја и градежен шут, плажи, хотелски комплекси и друг вид сместувачки капацитети, паркиралишта и др.).

Кањонот Матка е уште еден споменик на природата којшто поединци сакаат да го искористат за личен профит, спротивно на законите за заштита на вакви подрачја. Тоа најдобро го покажаа бесправно изградените платформи. Сѐ уште се чека донесување на потребниот закон за Матка. Уште еден голем проблем се преклопувањето на ингеренциите меѓу локалната и централната власт, нејасната надлежност на општинските и државните инспектори и процедурите што се одолговлекуваат до бескрај. Убедливо најголем проблем е што постојано се носат закони коишто овозможуваат градење на диво, засилена урбанизација или легализација на бесправно изградени објекти.

Заедничко за Охрид, Струга и Матка е што со години се чека да се донесе потребната регулатива која би требало да овозможи механизми за нивна заштита. По десет години чекање, беше донесен План за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, а цели осум години се чекаше да се формира Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Ова е приказната за лесното градење дивоградби со „амин“ на државата.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе