Изгласани уставните измени со 81 глас „за“

Собранието вечерва ги изгласа уставните измени кои произлегоа од „Преспанскиот договор“.

За сите амандмани гласаа 81 пратеник „за", со што се потврди дека власта успеала да обезбеди двотретинско мнозинство.

Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија" се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија", а зборот „Македонија" се заменува со зборовите „Северна Македонија", освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

Во Амандман 34 зборовите „кои живеат во нејзините граници" се заменува со „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, граѓаните на РМ, македонскиот народ, и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите".

Амандманот 35 гласи „Републиката ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави" се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.

Амандман 36 гласи:

-Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ;

-Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани што живеат или престојуваат во странство;

-Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;

-Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со новиот текст изгласан денеска се менува третиот став кој сега гласи: Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината.

Притоа, согласно Конечната спогодба со Република Грција, се предвидува стапување во сила на амандманите со денот на ратификација на Спогодбата и Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Парламентот на Република Грција. Следствено, во случај на невлегување во сила на овие два документи, нема да влезат во сила ниту амандманите.

Претходно пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани на уставните амандмани.

Џафери отвори претрес за амандманот на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кој премиерот Зоран Заев го отфрли, а пратеничката Елизабета Канчевска Милевска побара појаснување кои биле причините да се прифати терминот „ерга омнес".

„Премиерот ќе го води сенка кога долг период велеше дека нема да се менува Уставот, но и ВМРО-ДПМНЕ да бидат неми посматрачи и да не учествуваат во овој процес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најлошиот пат кон решавање на ова историско прашање. Со тоа ја потврдија лажната политрика и лажниот патроитизам. Потврдија дека сакаат ова сето брзо да се заврши и некој друг да го заврши, а потоа на прес-конференција да ги набројат со име и презиме кои се предавниците“, рече Канчевска Милевска.

„Можам да им порачам дека предавници не се чувствуваме во ни еден момент, ниту претходно, ниту сега. Предавници се оние кои бегаат од проблемите и не нудат никакви решенија“, рече Канческа-Милевска и додаде дека е убедена оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги утврди пропустите.

Заев посочи дека секоја информација ја споделувал со Мицкоски уште кога почнал да преговара со Грција и се надевал на консензус во Собранието за договорот.

„Парламентот и досега имал тешки одлуки, а и денешната не е лесна. Најлесно е да го избегнете овој процес и да се скриете под политиканството. Вашата политичка партија знае дека подобар договор не може да се постигне со Грција и дека не можа без договор да се оди во НАТО и ЕУ. Затоа Мицкоски одбегнуваше и веруваше дека нема да се постигне договор. Точно е дека јас го проемнив мојот став, но променатав на ставот носи прогрес. Решение едно за дома, едно за надвор носи нови кавги. Можеби ќе можеше да биде само за надвор, но ако прифатевме име без Македонија или споено како Новамакедонија“, рече Заев.

Објавено

Петок, Јануари 11, 2019 - 18:59

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе