Изборно собрание

Изет Меџити нов претседател на ДУИ во Чаир

Изет Меџити е новиот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. Меџити, кој беше единствениот кандидат номиниран за претседател на овој огранок, доби едногласна поддршка од околу 60 членови на Изборното собрание на Демократската унија за интеграција во Чаир.

„Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните“, рече новоизбраниот претседател на огранокот на ДУИ Изет Меџити.

На изборното собрание присутен беше и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Меџити беше градоначалник на Чаир од 2005 до 2017 година. Огранокот на ДУИ во оваа општина се смета за еден од поважните партиски упоришта.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе