Две години потоа

Избрканите од МНР поради учество во инцидентите од 27 април се вратени на работа со отштета

Двајца дипломати избркани од Министерството за надворешни работи се вратени на работа откако добиле отказ поради тоа што учествувале во настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а за еден дипломат постапката е во тек.

Ова е официјалниот одговор на МНР на прашањето на МКД.мк за текот на жалбата на овие дипломати.

Во одговорот на МНР се вели дека против тројца дипломати во министерството се воделе дисциплински постапки врз основа на одредби од Законот за административни службеници (член 73 став 1 алинеја 22, и член 77 став 4 и член 78 став 3), од Законот за надворешни работи (член 74 став 2 алинеи 3 и 5) и од Етичкиот кодекс на вработените во МНР (член 21 став 1 и 2).

Дисциплинските постапки биле водени поради нивното присуство во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, со што, по мислење на Министерството, постапиле спротивно на Етичкиот кодекс нарушувајќи го угледот на професијата дипломат, угледот на Министерството и на државата. Поради ова им била изречена дисциплинска мерка – престанок на работен однос.

МНР за присуството на дипломатите во Собранието на 27 април 2017 година добило потврда од Министерството за внатрешни работи (септември 2017 година).

„Со правосилна одлука на судот, двајца вработени се вратени на работа поради тоа што решението за престанок на работен однос на министерството и одлуката на Агенцијата за администрација, која одлучувала во втор степен по жалба, се донесени по истекот на рокот во кој можел да биде поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка. На вработените ќе им бидат исплатени неисплатените плати и придонеси. Постапката за третиот дипломат не е завршена“, се вели во одговорот на МНР.

А.Д.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе