26 конгрес на СДСМ

Избрани се новиот Централен и Надзорен одбор на СДСМ, нови потпретседатели се Битиќи и Филипче

За предложената листа од 120 члена на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ на 26.конгрес на партијата гласаа гласаа 668 делегати, а шест биле против. Избран е и новиот состав на Надзорниот одбор, составен од 9 члена. Љупчо Николовскиостанува генерален секретар на партијата, а на местото на Коста Петров (член на новиот ЦО) и Мухамед Зекири (член на новиот Извршен одбор) седнуваат новите потпретседатели Венко Филипче и Фатмир Битиќи. Досегашните потпретседатели Мила Царовска и Оливер Спасовски остануваат на оваа партиска функција.

ЦО го почнува новиот мандат со 120 членови од листата што пред конгресот ја предложија лидерот Зоран Заев и досегашното партиско раководство, согласно со номинациите што дојдоа од општинските конференции на СДСМ.

Со промените во Статутот, оставена е можноста ЦО да биде проширен со уште најмногу десет члена. Две третини од новиот состав на ЦО се нови лица кои не членувале во досегашното партиско раководство. Од вкупно 120 членови на ЦО, 45 се од редовите на младината, а има и девет Албанци, како и припадници на други етнички заедници во земјава.

„Со ова правиме освежување, но и го задржуваме континуитетот на искуството. Сега заедно почнуваме едно 4-годишно поглавје со јасно зацртани цели“, рече Зоран Заев, претседателот на партијата.

Делегатите на конгресот на СДСМ ја избраа и Сања Лукаревска за нова заменик-претседателка на партијата. Мартин Попов е нов организациски секретар на СДСМ, a секретар за меѓународна соработка е Бојан Маричиќ.

Меѓу новите имиња во ЦО се д-р Ана Данева Марков, Нина Фити, Јована Тренчевска, Димитар Ковачевски, познатата ракометарка Андријана Будимир, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за пластилна хирургија Софија Пејкова…

Од членовите на Владата, во ЦО влегоа Фатмир Битиќи, Венко Филипче, Мила Царовска, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Димитар Ковачевски… Нови имиња се и директорот на ФЗОМ Стево Крстевски, Никица Бачовски, директор на Платежната агенција, Диме Коцев, директор на болницата во Кавадарци… Од актуелните градоначалници, во ЦО е избран и Стефан Богоев од Карпош, како и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Од пратениците, во ЦО избран е и Костадин Костадинов, а останува и поранешната пратеничка Тања Томиќ.

Во новиот состав на Надзорниот одбор на СДСМ останува досегашниот претседател на ова тело, Горан Сугарески, кој е сега директор на Царинската управа, а меѓу новите членови се Викторија Мадиќ и Бајрам Мустафов…

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе