Изборот на Насер Зибери за народен правобранител на собраниска седница, ако има кворум

Предлог одлуката за изборот на Насер Зибери за народен правобранител е на дневен ред на денешната собраниска седница, но неизвесно е дали ќе има кворум за работа бидејќи владејачките партии во моментов немаат мнозинство поради отсуство на пратеници кои се позитивни на ковид-19 или во изолација.

Насер Зибери е предложен за народен правобранител од страна на ДУИ, но против неговата кандидатура застана пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Зибери кој е нотар, беше кандидат за премиер на ДУИ во кампањата за последните парламентарни избори.

По скратена постапка на оваа седница се предложени и дополнувањата на Законот за јавните набавки, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложени од пратеници од владејачкото мнозинство,

На дневен ред на оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, Дополнетиот Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Дополнетиот Предлог на Закон за рамномерен регионален развој, сите во второ читање.

Во прво читање се повеќе закони и тоа дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, измените на Законот за чек, измените на Законот за давање на финансиски услуги на далечина, измените на Законот за детективската дејност и други.

На 32. седница предложениот дневен ред е со 49 точки, а меѓу нив се и Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025,  Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2020 година, барања за согласности и финансиски планови и годишни извештаи на повеќе институции и комисии.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе