Претседателски избори 2019

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат  3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство, објави Државната изборна комисија.

Најмногу домашни набљудувачи ќе има невладината МОСТ, вкупно 1.940 набљудувачи. По бројност, од домашните набљудувачи зад МОСТ е Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција „Мак-сонце“ ќе учествува со 583 набљудувачи, кое првпат се појави за референдумот 2018 со 119 набљудувачи. Трето според број на набљудувачи е Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права „Аксиос“ со 329 набљудувачи.

На листата на акредитирани набљудувачи е Здружение на граѓани ЦИВИЛ - Центар за слобода Скопје со 160 набљудувачи, но и Светскиот македонски конгрес Скопје со 59 набљудувачи. 

Во мониторингот се вклучува и кумановското здружение „Инклузива” со 44 набљудувачи, од кои 40 се лица со попреченост.

ОБСЕ/ОДИХР има пријавено 195 набљудувачи и 187 преведувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ, пак, ќе има двајца свои набљудувачи, а Парламентарното собрание на Советот на Европа 12. Од амбасадите најмногу акредитирани набљудувачи има американската амбасада-42 и 63 преведувачи, руската амбасада има четворица набњудувачи, а унгарската младинска политичка организација „Фиделитас“ шест набљудувачи.

За следење на изборите се акредитирани 13 странски новинари. 

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе