Оливер Деркоски, ДИК

Избирачкиот список има 1.817.028 граѓани, девет илјади повеќе отколку лани

Во Избирачкиот список кој што Заводот за статистика го доставил до Државната изборна комисија се запишани 1.817.028 граѓани, близу 9.000 повеќе од бројката на избирачи на ланските претседателски избори кога во Избирачкиот список имаше 1.808.131 лице.

Граѓаните своите податоци може да ги проверат електронски преку веб страницата на ДИК, а јавниот увид, како што информираше претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, ќе трае до 11 март на полноќ. Во овој период гласачите ќе може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во списокот. Деркоски појасни дека на списокот ќе се најдат сите лица кои на денот на изборите наполниле 18 години.

Тој уште соопшти дека, почнувајќи од вечерта на 16 февруари, кога беа распишани изборите, досега над 710 македонски државјани се пријавиле за гласање во дијаспората. Инаку, гласање во дијаспората ќе се организира ако се достигне потребниот цензус за можен избор на најмалку еден пратеник надвор од земјава, кој годинава би изнесувал над 6.540 лица. Толку е најнискиот резултат со кој на претходните парламентарни избори, во 2016 година е избран пратеник.

Утре почнува и собирањето на 1.000  потписи за кандидати за пратеници, а новина е тоа што покрај во подрачните одделенија на ДИК, потписи може да се собираат и пред надлежен нотар .

Кандидатските листи за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна до 12 март на полноќ.

 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе