Избеганиот бивш началник на Петтата управа Грујевски се вработил во ресторан

За избеганиот бивш началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, како и за кобегалецот Никола Бошкоски (Неџби и Христо), Министерството за правда нема механизам како да ги врати од Грција.

Грујевски си нашол и работа на грчки остров, велат извори блиски до неговото семејство, објави порталот СДК.мк. Тој работел како пекар во кујна во ресторан на островот, чие име не го кажуваат соговорниците.

Грујевски и Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување, кое траело со години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Грујевски е обвинет и во „Тврдина 2“ и во „Трезор“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе