Реакција

ИВЗ до Владата: Молитва за Бајрам ќе има, а ако има полициски час ќе ја изгубите нашата доверба пред избори

 Ако се воведе полициски час целиот викенд, за време на нашиот празник Фитер Бајрам, тогаш вие како компетентни органи ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори, пишува во писмото на Исламската верска заедница до Владата.

Вчера Комисијата за заразни болести предложи за време на продолжениот викенд кога се празнува и Бајрам и кога е Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј (24 мај) да се воведе полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот наутро. За овој предлог Владата денеска треба да донесе конечна одлука.

Инаку ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб одложувајќи го намазот на Фитер Бајрам во џамија, пишува во писмото на ИВЗ и се додава дека додека ќе се извршува намазот, ќе се почитуваат сите препораки. Воведувањето на полицискиот час, како што се најавува, ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, а ова ќе значи дека намерно нема да се дозволи намазот на Фитер Бајрам кој се одржува еднаш годишно, пишува во писмото.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе