ИВЗ вели МВР влегува во џамиите да врши притисок, Чулев им одговори дека е редовна активност

Министерството за внатрешни работи реагира на вчерашната објава на Исламската верска заедница која посочи дека МВР преку влегување во џамиите врши притисок. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вели дека се работи за редовна полициска активност. 

„Полицијата, односно Министерството за внатрешни работи ниту има надлежност ниту пак се обидувало да наметне влјание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Притоа јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво. Во актуелниот момент на вонредна состојба на ниво на целава земја предизвикана од пандемијата со коронавирусот Министерството за внатрешни работи покрај постапување во делот на почитувањето на донесените владини мерки, уредби и препораки за заштита на здравјето и животот на сите граѓанина нашата држава,особено внимание посветува и на превентивното делување", се вели во реакцијата на МВР.

Од таму додаваат дека се свесни за потребата од заедничко делување заради надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните.

„Со посебно внимание работиме на интензивирање на соработката со верските заедници со цел засилено превентивно делување особено во пресрет на претстојните државни и верски празници. И во оваа ситуација станува збор за редовна полициска активност со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија. Полициските службеници секојдневно работат и во делот на превенција информирање и едукација, а во насока на заедничко надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните. Таквото полициско делување пред се на локално ниво, во локалните заедници, било и ќе биде наша редовна и секојдневна обврска, а во рамки на концептот на полицијата како сервис на граѓаните, граден децении наназад со нашите партнери од ОБСЕ и ЕУ", додаваат од МВР.

МВР уште еднаш потенцира дека ќе остане доследно во исполнувањето на сите свои законски обврски и задачи чија што единствена цел, преку бескомпромисно спроведување на законите, е заштитата, личната сигурност и безбедност на сите наши граѓани, токму онака како што меѓу другото, налага и Уставот на нашата земја.

Во Фејсбук статсот кој го објави ИВЗ меѓудругото се вели дека во некои од џамиите влегла и полицијата за да врши притисок.

„Сметаме дека на овој начин се кршат основните принципи на секуларна држава што се гради, меѓу другото, за почитување на верските слободи и права. Уште еднаш потенцираме дека ИВЗ ќе остане на својата одлука за намазот на Фитр Бајрами да се прави во џамијата која ќе трае само 15 минути, водејќи максимално внимание на почитување на правилата и проколот за заштита", велат од ИВЗ.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе