Во ВМРО-ДПМНЕ

Ивица Коневски го тужи Наум Стоилковски за клевета

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, преку соопштение до медиумите објави дека поднел тужба против Наум Стоилковски, кого го нарекува портпаролот на Христијан Мицкоски, „финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф“.

„Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз.

Тој, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори“, пишува во соопштението Коневски.

Тој, како што вели, е сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе му се извини „за искажаните лаги“, и додава дека сака да верува и дека „Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата“.

По критиките од Коневски веднаш после изборите, Наум Стоилковски на Фејсбук напиша дека „членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО гледаат кауза, а очигледно оние што бараат промени во ВМРО гледаат ДООЕЛ. Тоа е разликата поради која Ивица Коневски тежи минус 4.000 гласови“.

„Ја знаете зградата околу која се крена цел Аеродром кај Мајчин дом? Е, токму во таа зграда Ивица Коневски има стан и деловен простор од над 350 метри квадратни. Патем, во истата зграда има стан и кумот на Златко Марин. Ако се чудите зошто Коневски никаде го немаше овие три години да каже нешто против Зоран Заев, човекот беше зафатен со други работи, листовите подолу кажуваат повеќе“, напиша Стоилковски.

 

 

 

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе