- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 55НОВИ / 24h
- 1 од 10
- следно ›
- Контакт
Ивица Боцевски: Никој нема право да му се заканува на мојот претседател!

„Оваа ескалација на говорот на омраза кон Македонија која почна со чудовишната изјава на МНР Милков за 'тие црни традиции што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе', денеска кулминираше со закана за убиство на македонски претседател.
Ги повикувам сите македонски, бугарски и европски државни институции да ја осудат оваа изјава, но веднаш да реагираат и сите правосудни органи. Денеска е 25 јануари 2023 година, Македонија е земја - кандидат за членство во Европската Унија, полноправен член на НАТО и земја - основач на Обединетите Нации. Мирот нема цена и мора одлучно да се стави точка на овие страотни ветришта кои ја загрозуваат македонската државност, посебноста на македонскиот идентитет и интегритетот на македонските институции.
Воедно, ја повикувам госпоѓата Роберта Мецола, претседателката на Европскиот Парламент, да реагира на заканата за атентат и убиство на македонскиот претседател, изречена од пратеник во Европскиот парламент, како и господинот Талат Џафери, претседател на македонското Собрание, да упати остро писмо до својата европска колешка.
Нека остане оваа изјава на европскиот столб на срамот, јасен знак дека европскиот фашизам повторно повампирел и како темен облак ѝ се заканува на Европа“.
Еве што денеска изјави европратеникот Џамбаски: „Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, рече Џамбаски.
Кралот Караѓорѓевиќ беше убиен во атентат во Марсеј во 1934 година.
Политика
Објавено на
25 Јануари 2023 - 16:03