Ивановска: ДКСК нема да постапува по предметот за изградба на коридорите 8 и 10, Уставен го кажа последниот збор

Државната комисија за спречување на корупцијата повеќе нема што да постапува во случајот со изградбата на коридорите 8 и 10, бидејќи Уставниот суд требаше последен да го каже својот збор, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

„За оваа одлука ние разбравме преку медиумите. Во сопштението на Уставниот суд стои дека е донесена одлука за неповедување на постапка за утврдување на уставноста. За нас многу ќе биде битно да го прочитаме обралозожението. Тоа ни е многу битно. Интересен беше моментот кога вицепремиерот Артан Груби им се заблагодари на судиите, што повторно фрла сомнеж на целата ова работа. Повеќе нема што да постапуваме бидејќи Уставниот суд требаше последен да го каже својот збор. Ние направивме се што можевме“, изјави Ивановска.

Законот со кој американско-турскиот конзорциум „Бехтел Енка" треба да ги гради автопатиштата на коридорите 8 и 10, а кој го оспоруваа антикорупционерите и побараа да се стопира неговата примена и да биде поништен, за Уставниот суд не е противуставен.

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Уставниот суд за одлуката.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе