ДЕНЕСКА ИСТЕКУВА РОКОТ

Иванов во законскиот рок ќе се изјасни за ребалансот на буџетот

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов за потпишувањето на указот за ребалансот на буџетот информираат дека шефот на државата „секогаш се изјаснувал во законски предвидениот рок. Така ќе постапи и сега“.

Денеска истекува последниот ден од законскиот рок во кој претседателот на државата треба да го потпише или не указот за ребалансот на буџетот, усвоен пред 7 дена во Собранието.

Откако ќе биде ставен потписот, ребалансот треба да биде објавен во „Службен весник“, со што стапува во сила.

Од Министерството за финасии се надеваат дека претседателот Иванов навремено ќе го потпише законот.

Доколку тоа не биде сторено, Иванов треба писмено да го извести Собранието за причините зошто не ставил потпис на ребалансот.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе