Иванов во Чешка: Македонија ја цени принципиелната употреба на уставното име

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, имаше средби со претседателот на чешката Влада, Андреј Бабиш и со претседателите на Сенатот и на Долниот Дом на чешкиот парламент Милан Штех и Радек Вондрачек.

На средбата со претседателот на чешката Влада, Бабиш била потврдена подготвеноста за унапредување на меѓусебното пријателство и поддршка на билатерален и мултилатерален план.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека Македонија ја цени конзистентната и принципиелна поддршка од Чешка за нашите врвни стратешки цели  - членство во НАТО и ЕУ, како и принципиелната употреба на нашето уставно име.

Тој, исто така изразил задоволство од севкупната соработка и поддршка од Чешка за време на бегалската и мигрантската криза.

„Посебно ја цениме соработката меѓу Македонија и Чешка поврзана со мигрантската криза и благодарни сме за доделената помош на македонската полиција за нејзино успешно менаџирање. Ваквата соработка претставува потврда дека Чешка е вистински пријател на Македонија“, изјавил Иванов.

Претседателот на Сенатот на чешкиот Парламент, Милан Штех  и претседателот на Долниот Дом на Парламентот, Радек Вондрачек, на средбите со Иванов изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и дале поддршка за остварување на македонските стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО.

„Првите луѓе на чешкиот парламент изразија подготвеноста за јакнење на соработката меѓу парламентите на двете земји со цел унапредување на законската легислатива во областа на миграциите, како и размена на податоци и искуства во справувањето со мигрантската и бегалската криза“, се вели во соопштението.

Со денешните активности Иванов ја заврши дводневната официјална посета на Чешката Република.

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе