За предизборните именувања

Иванов уште не ја платил глобата во Антикорупциска, има рок до утре, или ќе оди на суд

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов сѐ уште одбива во Државната комисија за спречување корупција да ја плати прекршочната глоба за именувањата во предизборниот период и се соочува со прекршочни пријави на суд.

Од Антикорупциска за МКД.мк потврдуваат дека Иванов досега не ја платил глобата и дека ќе го чекаат до утре да си ја намири обврската. Доколку не го стори тоа, ќе го дадат на суд.

Антикорупциска комисија на седницата што ја одржа уште на 10 мај информираше дека до нив нема пристигнато никакво известување за платен налог од страна на Ѓорге Иванов, тогаш уште актуелен претседател на државата, за двете прекршочни пријави за именувањата во предизборниот период.

Прекршочната глоба во зависност од тоа за кој прекршок се работи, главно се движи од 300 до 500, а половината е 150 евра.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе