Во Катовице, Полска

Иванов со благодарност до Дуда за употребата на уставното име во билатералните односи

Претседателот Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени COP 24, што се одржува во Катовице, денеска имаше билатерална средба со полскиот претседател Анджеј Дуда.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, при што било констатирано дека двете земји негуваат пријателски и конструктивни односи, со стабилен политички дијалог.

Иванов се заблагодарил за целокупната поддршка на Република Полска од воспоставувањето на дипломатските односи кои годинава одбележуваат 25 години, како и за употребата на нашето уставно име во билатералните односи.

„Истакнувајќи дека Република Полска е важен и докажан партнер и поддржувач на македонската интеграција во ЕУ и во НАТО, македонскиот претседател го изрази интересот за натамошно продлабочување на билатералната соработка преку размена на посети на највисоко ниво”, пишува во соопштението.

На средбата се зборувало и за мигрантската и бегалска криза, при што Иванов се заблагодари за досегашната помош од страна на Полска. Во тој контекст, тој нагласил дека полскиот контингентот како дел од на странските полициски сили дава значајна поддршка на македонските безбедносни сили во контролирањето и сузбивањето на обидите за илегални премини на нашата јужна граница.

Претседателот Дуда посочи дека полската поддршка за Република Македонија како во однос на нашите евроатлантски интеграции така и за мигрантската криза ќе продолжи и во иднина.

На средбата биле разменети мислења за севкупните состојби во регионот, во контекст на неговата европска и евроатлантска перспектива.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе