Софија

Иванов се сретна со претседателот на бугарското Собрание, Карајанчева

Претседателот Ѓорге Иванов денес во Софија се сретна со претседателот на бугарското Собрание Цвета Карајанчева. Иванов и Карајанчева размениле информации за процесот на имплементација на Договорот за добрососедство.

Македонскиот претседател изрази надеж дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на промоција на заедничките интереси во регионот и дополнително ќе ја унапредат билатералната соработка. На средбите беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји и за европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ и Самитот на НАТО.

Претседателот Иванов го поздрави успешното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ, истакнувајќи дека Република Македонија високо ја цени поддршката од Бугарија за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, додавајќи дека политиката на проширување на ЕУ, останува најефикасниот инструмент за гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот во Западен Балкан.

Иванов ја реафирмираше определбата на Република Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи и се заблагодари за поддршката од Бугарија во овој исклучително важен период за нашата земја

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе