25 ГОДИНИ АРМ

Иванов побара повеќе пари за војската и ја потсети Владата дека тој е врховен командант

Од прва рака сум запознат со предизвиците на нашите посветени и професионални војници. Крајно време е да се врати достоинството на македонскиот војник. Крајно време е да се зголеми буџетот на Армијата. Затоа што пред нашата Армија стојат големи предизвици и големи задачи, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во обраќањето по повод Денот на АРМ и 25-годишнината од формирањето на Армијата.

„Веќе осум години сум Врховен командант на вооружените сили, и најодговорно тврдам дека нашата Армија е дорасната на овие задачи. Но, потребни се повеќе средства. Како држава постојано ја нагласуваме нашата посветеност и подготвеност да бидеме дел од НАТО. Но, ако сакаме да ги користиме привилегиите, мора да ги поднесеме и одговорностите. Членството на Македонија во НАТО подразбира и буџет на Армијата соодветен на НАТО. А тоа е миминум 2 отсто од буџетот на државата“, рече претседателот Иванов.

Тој рече дека нема повеќе да толерира ситуации кога војската се ангажира неосновано и без негова одлука.

„Понекогаш неосновано се ангажира војската. Во недостиг на ресурси и време, сѐ почесто се случува Армијата без одлука на врховниот командат и без исполнети услови за прогласување на кризна состојба да се ангажира за задачи кои се во надлежност на други институции. Тоа е сериозна повреда на законот што нема да ја толерирам. АРМ троши свои ресурси за туѓи задачи кои се во надлежност на други институции. Мора да се затвори кругот на одговорност за тоа кој е надлежен за што, кога и како“, рече Иванов.

Како врховен командант на АРМ, Иванов рече дека Армијата се соочува со четири предизвици - справување со сајбер заканите, миграцијата и спречување на илегални мигранти, природните непогоди и поддршка на полицијата за борба со урбаната мафија.

„Прво. Поддршка на кризниот менаџмент во справување со природни непогоди и загадувања. Сакам да ги потсетам органите на државната власт за нивната обврска да ја почитуваат законската оправданост за учество и за употреба на АРМ во отстранување последици во прогласена кризна состојба. Во недостиг на ресурси и време, сè почесто се случува Армијата без одлука на врховниот командант и без исполнети услови за прогласување кризна состојба да се ангажира за задачи кои се во надлежност на други институции. Повторувам, Армијата се ангажира без моја одлука и без исполнети услови за прогласување кризна состојба. Тоа е сериозна повреда на законот што нема да ја толерирам. АРМ троши свои ресурси за туѓи задачи кои се во надлежност на други институции. Мора да се затвори кругот на одговорност за тоа кој е надлежен за што, кога и како.

Втората улога на Армијата ќе биде поддршка на полицијата во борба против урбаниот тероризам во градовите со етничка и со верска различност. Урбанизацијата е предизвик. Идната сива зона се градовите и регионизацијата. Мора да ги земеме предвид научените лекции од превентивната мисија на УНПРЕДЕП од 1995 година во северозападна Македонија. Тоа се лекции за растечка закана од сепаратистички идеи и загрозување на територијалната целина на нашата држава.

Третата улога на Армијата ќе биде заштита на границите од илегална миграција. Веќе не е доволно податоците за миграциите да ги добиваме кога илегалните мигранти веќе ќе бидат на нашата граница. За навреме да реагираме, мора да бидеме присутни на изворот на илегалната миграција. Затоа, неопходно е АРМ да учествува во мировни операции на Обединетите нации во регионите од каде доаѓаат заканите. Илегалната миграција и меѓународниот тероризам се закани со кои ќе се соочуваме во иднина. Мора да ја обновиме воено-дипломатската и разузнавачка мрежа на териториите што се извор на закани, транзит, крајна дестинација, но и во центрите на моќ каде се носат одлуки.

Конечно, четвртата улога на Армијата ќе биде сајбер-одбраната. Со поддршка од државните органи, АРМ мора да изгради систем на превенција и заштита на критичната инфраструктура. Приоритет е развој на сајбер-одбрана и електронско војување во идна нелинеарна војна. Научените лекции од нелинеарно војување на секој против секого подразбира освојување  територии без жртви и без употреба на воени орудија. Во нашата сајбер-ера, Армијата ќе ја брани и македонската сајбер-територија.

Веќе осум години сум врховен командант на вооружените сили и најодговорно тврдам дека нашата Армија е дорасната на овие задачи. Но, потребни се повеќе средства“, рече Иванов во вчерашниот говор.

Тој на свеченоста не се поздрави ниту со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ниту со собранискиот спикер Талат Џафери.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе