Иванов: Отстранети се пречките, Заев е мандатар за состав на нова влада

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, денеска го доби мандатот за составување нова влада од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Иванов изјави дека пречките се отстранети и му го даде мандатот на Зоран Заев, кој од новото собраниско мнозинство е определен за мандатар за состав на влада.

Заев изјави дека двете пречки за состав на нова влада се остранети - избран е нов претседател на Собранието, кој испрати писмо до претседателот на државата, и испорачана е изјава со гаранциите што ги бараше шефот на државата.

„Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија.

Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија.

Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничка, верска и национална припадност.

Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија  ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност од други држави.

Ниеден документ платформа, декларација, акт или дејство, спротивни на погоре наведените ставови не можат да бидат услов, ниту основа за формирање и дејствување на влада на Република Македонија“, пишува во писмената изјава потпишана од Заев која денеска му беше предадена на Иванов“, пишува во писмената изјава потпишана од Заев, која денеска му беше предадена на Иванов.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе