ВО БУДИМПЕШТА

Иванов-Орбан: Неприфатливо е други земји да се мешаат во внатрешните работи на Македонија

За Унгарија неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија. Нови предвремени избори се единствено исправно решение за излез од политичката криза во Република Македонија, порачал унгарскиот премиер Виктор Орбан на средбата со претседателот Ѓорге Иванов во Будимпешта. 

На средбата, Иванов се заблагодарил за севкупната поддршка што ја добива Македонија од Унгарија во однос на уставното име, за предизвиците од нелегалната миграција, како и за унгарската иницијатива за осуда на тиранската платформа на последниот состанок на Европскиот совет. Исто така, Иванов го запознал унгарскиот премиер со актуелните состојби во Македонија, како и за можните решенија за излез од кризата и го повторил својот став-или да се отстранат пречките за мандат или да се одржат нови избори.

Орбан, како што јави МИА, рекол дека Унгарија има цврст став против тиранската платформа и дека стабилноста на ЕУ е невозможна без стабилноста на Македонија. ­ „Македонија ја има и ќе продолжи да ја има поддршката од Унгарија“, изјавил Орбан.

Според него, ЕУ имала погрешен пристап кон Македонија, која одамна требало да биде членка на ЕУ и НАТО. 

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе