Обраќање

Иванов: Одлучив да не го потпишам указот за Законот за јазици, пратениците да ги разгледаат моите забелешки (ВИДЕО)

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето обраќање пред јавноста рече дека одлучил да не потпише указот на Законот за јазици и дека образложението го доставил до Собранието. Иванов ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.

„На 11 јануари беше изгласан Законот за употреба на јазиците без јавна расправа и без опозицијата. Укажав дека не е добро да се отвараат веќе апсолвирани прашања. Овој закон е донесен со европско знаменце, без да постои европска директива. Македонија ќе стане единствена земја која сама си поставува услови за членство во ЕУ кои никој не ги бара. Со донесувањето на Законот за јазици, ние донесуваме неправеден и репресивен закон со кои се фаворизира албанскиот јазик. Имајќи ги предвид моите овластувања и повикувајќи се на член 75 од Уставот на Република Македонија, одлучив да не го потпишам указот за прогласување на Законот за јазици", рече во своето обраќање Иванов.

Тој додаде дека испратил писмо до Собранието во кое има детално образложение и ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе