Го нарече политичка дивоградба

Иванов: Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор

Ваков штетен договор, единствен во историјата на човештвото за мене е недостоинствен и непрофатлив. Нема да легализирам политичка дивоградба, порача претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста за договорот за решение на името што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. 

„Целиот процес се водеше неодговорно и нетранспарентно, а Владата не смогна сила да изградиме заеднички став и консензус”, рече Иванов.

Тој кажа дека на средбата со премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров им рекол дека ова е нивен личен договор, нивна лична одлука и нивна одговорност. 

„Текстот на договорт е поразителен за Република Македонија и со него не само што се предвидува промена на уставното име, туку и промена на преамбулата каде што се споменуваат термини произведени од Република Македонија”, рече Иванов. 

Тој додаде дека со договорот се брише и членот од Уставот за македонското малцинство. 

„Договорот нема правна сигурност и гаранции за македонската страна. Грција успеа да ги исполни нејзините барања. Тоа што го направи со Македонците во Грција, преку договорот настојува да го направи и со Македонците во Македонија“, вели Иванов, додавајќи дека неговиот став за непотпишување е конечен.

 
 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе