Владиниот портпарол

Иванов не може да помилува осудени за „27 април“, не очекуваме да се дрзне тоа да го стори, вели Бошњаковски

Владата смета дека претседателот Ѓорге Иванов не може да даде помилување на осудени за „27 април“, бидејќи така би го прекршил Уставот и законот. Владинот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека Владата не очекува Иванов „да се дрзне и да го направи тоа“.

„Постојат две причини поради кои не може да се  води постапка за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда. Со оглед дека не постои законска можност за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда, со оглед дека не постои законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство“, изјави Бошњаковски.

Тој потсети дека е избришан членот 11 од Законот за помилување, кој предвидуваше таква постапка од страна на претседателот на државата.

„Со  укинувачка одлука на Уставниот суд од 2016 година тој член не е вратен, не  е ‘оживеан‘ што би се рекло со судски израз, така што во правниот систем на нашата држава не постои таков инструмент“, вели Бошњаковски.

Според него, втората пречка е фактот дека имаме претседателски  избори и во овој период не постои начин како да се даде помилување.

„Факт е дека до овој момент во Министерството за правда, исто така не се пристигнати никакви барања за помилување на осудени лица за настаните од 27 април. Сѐ што ќе се направи надвор од овие рамки би било дефинитивно кршење и на законите и на Уставот. Не очекуваме дека претседателот би се дрзнал тоа да го направи“, рече Бошњаковски.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе