Иванов не ги прими Тврдокорните, тие го нарекоа кукавица

Членови на Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движење за цивилизациски вредности и Единствен пат - Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет денеска организираа протестен марш од пред канцеларијата на Делегацијата на ЕУ до претседателската вилата Водно за да му достават писмено барање на Иванов за одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев.

Нивното протестно барање е Иванов да му го одземе мандатот на Заев поради, како што велат, непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси.

По завршувањето на маршот пред вилата Водно собраните дваесетина членови на здруженијата сакаа да му го предадат барањето на претседателот Иванов, но, како што кажа Страшко Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет „Македониум“, биле  известени од страна на обезбедувањето дека претседателот си заминал. Присутните, поради ваквиот чин, го прогласија Иванов за кукавица.

„Не ме интересира Зоран заев, не ме интересира Никола Груевски. Мене ме интересира борбата за македонската кауза, за Македонија и за македонскиот народ. Ништо повеќе и ништо помалку“, изјави Олумчев. 

Олумчев најави дека протестите ќе продолжат и дека повторно ќе се обидат да му ги достават барањата на Иванов.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе