По усвојувањето на новото име

Иванов на Собранието му врати уште 4 закони, засега се вкупно 15

Законите за енергетика, за банките, за безбедност во сообраќајот и патиштата и за супервзиија и осигурување се последните усвоени во Собранието закони кои претседателот Ѓорге Иванов не ги потпишува поради новото име. Засега се вкупно 15. Претседателот на Собранието вели дека е можно да свика собраниска седница пред 1 април, кога почнува кампањата за претседателските избори.

Иванов и за последните закони образложува дека указите не ги потпишува поради тоа што пред да ја преземе функцијата претседател на државата се заколнал дека ќе го штити Уставот и ќе ги брани интересите на државата.

Талат Џафери, претседателот на Собранието вели дека законите (три) донесени со двотретинско мнозинство се смета дека се донесени, а за останатите ќе има ново гласање. Од Собранието велат дека ако и по вторпат Иванов не ги потпише указите за законите кои Собранието по вторпат би ги донело, тогаш законите ќе бидат објавени во Службен весник само со потпис на Џафери.

Иванов претходно не го потпиша и Преспанскиот договор и Законот за употреба на јазиците, кои во Службен весник беа објавени само со потписот на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе