Иванов ќе ја отвори Школата за млади лидери во Струга

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе ја отвори Школата за млади лидери, што на негова иницијатива по десетти пат ќе се одржи во Струга, од 11 до 22 февруари. На свеченото отворање ќе се обрати и Талал Абу-Газалех, претседател наТаг-орг, глобална организација за професионални услуги и едукација.

На првиот ден од Школата за млади лидери, како што соопшти Кабинетот на Иванов, предавање ќе одржи Сани Шенер, извршен директор на ТАВ аеродроми, а ќе има и панел дискусија за предизвиците на 4-та индустриска револуција, тема што ќе биде во фокусот на десеттата Школа за млади лидери.

На годинешната школа ќе учествуваат дваесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

Во рамки на одржувањето на 10. Школа за млади лидери, учесниците ќе го посетат новиот аеродром во Истанбул, отворен во октомври 2018 година, каде ќе бидат запознаени со неговото менаџирање како еден од најголемите аеродроми во светот, а ќе го посетат и седиштето на авиокомпанијата Туркиш ерлајнс.

Школата за млади лидери е лична иницијатива на Иванов и досега се организирани девет интензивни тренинзи за лидерство, од 2010 до 2018 година, со цел да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.

Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе и над 200 реномирани предавачи.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе