Иванов и Заев го испратија папата Франциско по историската посета со пораки за мир, соживот и љубов

Папата Франциско вечерва со специјален лет замина од скопскиот аеродром, завршувајќи ја еднодневната посета на Македонија. На аеродормот папата го испратија претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, градоначалникот Петре Шилегов.

За време на престојот во Скопје се сретна со државниот врв, со верските поглавари и одржа литургија на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Папата Франциско пристигна утрово околу осум часот. На Скопскиот аеродром беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, но и на традиционален македонски начин, со леб и сол. Од аеродромот се упати кон вилата Водно каде, освен средби со шефот на државата и премиерот, имаше и кусо обраќање.

Понтифот потоа замина во Спомен куќата на Мајка Тереза на средби со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, како и со поглаварите на Исламската верска заедница Сулејман Ефенди Реџепи, на Евангелско-методистичката црква Михаил Цеков и на Еврејската заедница Берта Романо Николиќ.

Попладнево, пред да замине, одржа и екуменска и меѓурелигиска средба со млади во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Папата Франциско, кој е првиот поглавар на Римокатоличката црква што ја посетил државава, од вилата Водно порача дека „Република Северна Македонија е мост меѓу Истокот и Западот, место каде се среќаваат голем број културни струи и олицетворение на карактеристиките на регионот“.

На мисата на плоштадот „Македонија“, пак, што ја следеа 15.000 верници од државава и странство, упати пораки за мир, соживот и за поголема љубов кон Бога и кон луѓето.

На плоштадот дојде со т.н. „папамобил“.

Историската посета на папата Франциско ја следеа 250 домашни и повеќе од 100 странски медиуми. Неговиот престој се совпадна со јубилејот, 25 години од воспоставувањето дипломатски односи со Ватикан.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе