Иванов и Црвенковски остануваат во закупените канцеларии

Владата нема да ги раскине договорите за закуп на канцелариите на поранешните претседатели Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски, како што вчера побара Антикорупциска комисија, изјави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. 

На редовната прес-конференција тој рече дека додека не се измени законската регулатива за правата и привилегиите, тие ќе постапуваат согласно постојните закони.

„Владата на Република Северна Македонија делува во согласност со позитивните законски одредби. Ако има промени во однос на привилегиите на поранешните функционери, Владата ќе ги почитува и ќе дејствува според нив. Додека се на сила овие ингеренции и привилегии за поранешните функционери, односно додека е на сила истиот закон,така и ќе се применува“, изјави Хоџа.

Антикорупциската комисија вчера побара раскинување на договорите за закуп на канцеларии на поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, откако утврдиле дека, како што соопштија, канцелариите на Иванов биле избрани во нетранспарентна постапка“. На дописот од Антикорупциска, Иванов реагираше со демант.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе