Иванов: И благодариме на Унгарија за иницијативата до ЕУ да се осуди платформата!

Јавна благодарност до Унгарија која покрена иницијатива со барање до Советот на ЕУ да се отфрли и осуди тиранската платформа, искажа македонскиот претседател Ѓорге Иванов на денешната прес-конференција со неговиот унгарски колега Адер Јанош во Будимпешта.

На средбата се разговарало за политичката состојба во Република Македонија, како и за можните излези од оваа криза која земјата со години ја држи во заложништво, пренесува МИА.

На средбата Иванов потенцирал дека за разлика од уставите на другите држави, македонскиот Устав е недоречен со голема уставна празнина кога не може во првиот обид да се избере влада.

„Особено се усложнува состојбата што сега имаме влијание од друга држава во внатрешните работи во Македонија со изготвување платформа, која е постизборна и која опфаќа прашања што ние сметаме дека досега се затворени со Охридскиот рамковен договор и со Уставот“, истакна македонскиот претседател.

Иванов одговарајќи на новинарско прашање посочил дека ургентно е потребно конститутивната седница на Собранието на РМ да биде завршена, да се избере претседател и да  можат активностите кои ги имаме како држава, нормално да се спроведуваат.

„Мнозинството треба да се откаже од тиранската платформа за да може да го добие мандатот за да се формира влада која ќе почне да се справи со сите овие предизвици. Има правни пречки кои би се совладале, доколку заврши конститутивната седница, и има политичка пречка, а тоа е да се отфрли и осуди платформата од Тирана“, изјави Иванов.

Двајцата претседатели на средбата размениле мислења и за состојбите во регионот, односите меѓу двете земји, како и унапредување на соработката во повеќе области меѓу Македонија и Унгарија.

„Досегашната поддршка, пријателството и солидарноста помеѓу Унгарија и Македонија треба да биде пример како една земја членка на ЕУ треба да се однесува со земја која е кандидат за член во Унијата“ изјави Иванов.

Унгарскиот претседател истакна дека скоро 10 години на Македонија и се нудат позитивни, но лажни забелешки и ветувања во поглед на евроинтеграцијата. „По лажните и празни ветувања сега е дојдено времето за започнување вистински преговори помеѓу ЕУ и РМ“, изјави тој.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе