Откако Собранието го изгласа

Иванов го доби указот за законот за јазици

Претседателот Ѓорге Иванов вчера го добил указот за законот за употреба на јазиците, но не се знае дали ќе го потпише или ќе го искористи правото на вето. Доколку претседателот не го потпише указот, законот ќе се врати во собраниска процедура и пратениците ќе треба повторно да го разгледуваат и да гласаат за него. Разгледувањето ќе биде во фаза на трето читање во рок од 30 дена од денот на негово донесување.

Во оваа фаза, пратениците ќе може да поднесуваа амандмани само за она на што укажал Иванов. За да биде изгласан повторно законот ќе бидат потребни мнозинството гласови од вкупниот број пратеници, а Иванов ќе биде должен да го потпише указот. Рокот кој сега го има претседателот за да одлучи дали ќе потпише или не е седум дена.

Пратениците вчера со 69 гласа „за" го изгласаа законот, а неизвесноста за тоа каква ќе биде одлуката на претседателот доаѓа и по критиките кој тој ги упати во неговото годишно обраќање во Собранието на 26 декември минатата година.
„Реформаторот можеби е во право за она што е погрешно, но, не секогаш е во право за она што е правилно. Едно од тие прашања е Законот за употреба на јазиците. Со овој закон, заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ. Прво, барањето за двојазичност е апсолвирано со амандманот 5 од Уставот, кој произлезе од Рамковниот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија", рече Иванов.

„ Законот е репресивен. Оние кои тврдат дека предлог-законот е во согласност со Уставот и законите, ќе ги прашам: во согласност со чиј Устав и чии закони? Како претседател во мојот Кабинет имав консултации со правни експерти, уставни судии, академици, универзитетски професори, лингвисти. По извршените консултации можам да кажам дека Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик. Тој претставува закана по унитарноста на државата. Овој предлог-закон го крши најголемиот закон на државата, а тоа е Уставо", посочи Иванов, додавајќи дека се носат закони без политички дијалог и без вклученост на научната и експертската јавност.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе