Иванов ги предлага Осман Кадриу и Дарко Костадиновски за судии на Уставниот суд

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд. Согласно уставните овластувања на претседателот на Република Македонија, предлозите за двајца нови судии на Уставниот суд се доставени до Собранието, објави МИА. 

Од неговиот кабинет велат дека пред донесувањето на одлуката, Иванов извршил консултации со релевантни фактори од оваа област.

„Претседателот Иванов како и досега, така и во иднина, ќе се води исклучиво од квалитетот и професионалноста на личностите кои ги предлага. Македонскиот претседател смета дека со предлозите на Дарко Костадиновски и Осман Кадриу, Уставниот суд на Република Македонија ќе добие судии кои најодговорно ќе ја извршуваат функцијата за време на нивните мандати“, велат од претседателскиот кабинет.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот„ Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Докторирал на тема „Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици од советодавните мислења на Судот“ и е автор на книгите „Меѓународна Арбитража“ и „Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења на Судот и нивните импликации)“. Костадиновски како предлог за уставен судија, доаѓа од местото државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Член е на кабинетот на Претседателот од 2001 до денес.

Осман Кадриу е истакнат и реномиран правник во Република Македонија. Како предлог за уставен судија доаѓа од академската заедница, како професор на Факултетот за правни науки на ФОН, експерт во областа на облигационото право.

Костадиновски и Кадриу треба да дојдат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава. Тие беа избрани за судии на Уставен на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе