Иванов до Нимиц: За решавање на прашањето за името треба импулс од двете страни

За решавање на прашањето за името потребно е почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски, му порачал претседателот Ѓорге Иванов на посредникот во разговорите Метју Нимиц. 

На средбата што се одржа во вилата Водно Иванов и Нимиц разговараа за актуелната состојба во разговорите за надминување на прашањето за името.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ја поздравил конструктивноста и фокусираноста на мерките за градење на доверба меѓу двете држави и повикал на нивно проширување и внесување на нови содржини.

Иванов, исто така порачал дека Македонија и натаму ќе учествува во процесот што се води под покровителство на Обединетите нации и истакнал дека е потребно да се создаде позитивен амбиент со цел подобро разбирање и почитување.

„Македонската страна со години наназад дава континуиран придонес и иницијативи во насока на градењето на доверба меѓу двете држави и двете општества. Неопходно е да се даде дополнителен импулс од двете страни во надминување на ова прашање, кое има суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион“, изјавил Иванов.

Македонскиот претседател уште кажал дека е неопходна потребата од почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски. 

Средбата со Иванов беше прва средба на агендата на Нимиц. Утре наутро тој ќе се сретне со премиерот Зоран заев, а потоа и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Неофицијално се најавува и средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во вторник Нимиц заминува за Атина каде што треба да разговара со шефот на дипломатијата Никос Коѕиас, кога тој ќе се врати од Женева, каде што се водат преговори за решавање на кипарското прашање. 

Фото: МИА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе