По средбата од две минути со Заев и Димитров

Иванов денес ќе има обраќање до граѓаните

По кусата средба во вилата на Водно од кабинетот на претседателот на Република Македонија соопштуваат дека претседателот Ѓорге Иванов ќе има обраќање до граѓаните. Точното време на обраќањето не е соопштено, а во соопштението стои дека Иванов ќе се обрати во текот на денешниот ден.

„Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров. Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија", стои во кусото соопштение од кабинетот на претседателот.

На денешната средба закажана за во 10 часот Иванов требаше да ги добие сите детали околу вчера постигнатиот договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас. Но, како што веќе објавивме претседателот ги избркал Заев и Димитров велејќи им дека нема потреба да го продолжат состанокот.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе