Пред денешната собраниска седница

Иван Стоиљковиќ: Нема да учествувам во обидот за злосторство против македонската држава

Демократската партија на Србите во Македонија, ниту пак јас лично не сакаме и нема да учествуваме во злосторството против македонската држава и македонскиот народ. На денешната седница на Собранието на Република Македонија на илегален, шверцерски начин, надвор од соодветната деловничка процедура, владеачката коалиција на сила ќе се обиде да го донесе законот за двојазичност, вели во изјавата пратеникот Иван Стоиљковиќ.

Тој смета дека овој закон не само што излегува надвор од Уставот на Република Македонија, туку е дури и надвор од најлибералните толкувања на Охридскиот договор и е само вовед во федерализам на уставно правниот поредок.

„Би сакал да повторам дека и како поединец, и како пратеник и претседател на ДПСМ не само вербално, туку и со гласање против на неколку пати сум го изнел моето мислење и ставот на нашата партија. Ние сметаме дека овој закон е во спротивност со елементарните национални интереси на делот од српскиот народ што живее во Македонија, вели Стоиљковиќ.

Во Собранието денеска ќе има нов обид да се најде решение за 35.500 амандмани на законот за јазиците. Продолжението на 32 седница на Собранието на која на дневен ред се амандманите на Законот за употреба на јазиците e закажана за денеска.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе