Демократската партија на Србите од Македонија потписник на Московската декларација

Иван Стоиљковиќ: Кога некој ве игнорира, си барате други меѓународни партнери

Демократската партија на Србите во Македонија е партијата што ја потпиша Декларацијата за формирање воено неутрална територија на Балканот во Москва, потврди за МКД.мк лидерот на партијата Иван Стоиљковиќ. 

Со потпишувањето на оваа декларација, според Стоиљковиќ, се зголемуваат капацитетите на демократската партија на Србите во Македонија.

„Целосното игнорирање на меѓународната заедница на помалите политички партии, на партиите на етничките малцинства едноставно не принуди да бараме меѓународни партнери и ги најдовме. Јас знам дека во Македонија има многумина поединци кои би сакале да бидат на моето место, но ете ние ја потпишавме оваа Декларација“, ни изјави Стоиљковиќ.

Неговото објаснување за ваквиот потег е дека ДПС беше исклучена од сите политички процеси во Македонија, посредувањето на ОБСЕ за Охридскиот договор помина без Демократската апртија на Србите, четирите партии се договараат без помалите политички партии, Хајндл се среќаваше и со помали вонпарламентарни партии, а не и со претставници на ДПС.

„Знам дека ова на многумина нема да им се допадне, но кога некој упорно ве игнорира, ние едноставно бевме приморани да си најдеме меѓународни партнери“, додава Стоиљковиќ за МКД.мк.

Инаку, неговата партија е дел од владејачката коалиција во земјава.

Руската владејачка партија „Единствена Русија“ (ЕР) вчера потпиша Декларација за соработка со претставници на политички партии од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Бугарија, со која потписниците се залагаат за формирање воено неутрална територија на Балканот.

Потписниците на декларацијата укажуваат дека во рамки на намалени меѓународни тензии, посебно значење за Југоисточна Европа претставува развој на иницијативата ­ „низа балкански политичари за формирање територија на суверени и неутрални држави, во кои би биле Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ“, се наведува на сајтот на ЕР.

Од Бугарија официјална покана од Москва добил поранешниот претседател Георги Прванов, а од Србија декларацијата ја потпиша Српската народна партија.

Претседателот на СНП, Ненад Поповиќ изјавил дека СНП како партија е подготвена да учествува во секој дијалог за намалување на напнатоста во Европа. Неговата партија, како што рекол, силно ја поддржува иницијативата на политичките партии од балканските земји да се формира зона на неутрални, суверени држави кои сами ќе одлучуваат за клучните државни и национални интереси.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе