Софија

Иван Илчев: Франција на Балканот со векови ја поддржува Србија, заедно со Русија

Бугарскиот историчар Иван Илчев открива сличности во француската политика денес и онаа пред 100 години. „Франција дејствува во согласност со својата вековна политика на Балканот, а тоа е да ја поддржи Србија и едногласно да дејствува со Русија", вели Илчев коментирајќи ја одлуката на претседателот Емануел Макрон да го запре проширувањето на ЕУ, што беше осудено од сите земји-членки.

Иван Илчев

Бугарија не е мала земја и е важна во европската политика, вели историчарот проф. Иван Илчев во разговорот за бугарската агенција БГНЕС. Инаку Илчев е истовремено и член на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историските прашања.

БГНЕС пишува дека Илчев е еден од најголемите специјалисти за историските настани на Балканот и за односите со големите сили. За позицијата на Франција и ветото околу проширувањето на ЕУ за Македонија и Албанија на последниот самит во Брисел Илчев смета дека бугарскиот одговор на оваа политика засега е соодветен, но друго е  прашањето дали „ќе продолжиме цврсто да ја браниме својата позиција“. Според него, причината поради која на Бугарија ѝ недостасува цврстина и конзистентност „се должи на одредени комплекси кои нѐ спречуваат правилно да го процениме местото на Бугарија во Европа.

Причината поради која ни недостасува цврстина е во тоа дека сè уште страдаме од комплексот дека Бугарија е мала земја. Всушност, Бугарија не е мала земја како што сметаме дека е. Ние исто така страдаме од комплексот да се биде сиромашна земја, но не сме толку сиромашни колку што мислиме дека сме. Сметаме дека сме безначајни во европската политика, но тоа значење можеби и не е толку големо, но го имаме“, вели Илчев.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе