Според објавите во медиумите, нападот се случил вчера вечер во Битола, пред неговата куќа и нанесени му се тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица. Случајот е веќе пријавен во полиција.
„Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело. Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, велат од ЗНМ и СЕММ.
„Безбедноста на новинарите е предуслов за професионално вршење на нивните обврски и секое насилство кон нив е апсолутно неприфатливо. Тие треба да ја вршат својата работа ослободени од каков било вид напади, притисоци, вознемирување и заплашување“, нагласуваат од АВМУ.