Случај „Рекет“

Италијанскиот новинар најавува и други „шокантни документи за мафијашкиот систем“ во Македонија

Ова е само првиот дел од мојата приказна која докажува колку Европската Унија, по поддршката за смена на режимот во Македонија, со ограничување на нејзиниот суверенитет, се залагаше за воспоставување на специјален јавен обвинител (Катица Јанева), која не само што илегално се меша во политиката, туку и ги рекетира луѓето! Ова денеска, по објавувањето на видео-снимката со примопредавањето на парите меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски, го напиша италијанскиот новинар на „Ла верита", Ларис Гајзер.

Ларис Гајзер

„Денеска во „Ла верита“ само првиот дел од мојата приказна за еден мафијашки систем кој работи директно под контрола на високопоставени политичари! Оние политичари, посакувани од ЕУ и од Сорос. Македонија има голем проблем на својот пат кон ЕУ… И ЕУ исто така! Могерини и Јункер се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување сѐ што е против нормалното владеење на правото, право толку гласно претендирано од Брисел! Во следните неколку денови ќе објавиме шокирачки документи кои искрено се надевам дека ќе и помогнат на Македонија да си го најде својот пат кон функционална демократија“, се вели во статусот на Гајзер.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе