Италија и Полска не губат надеж дека денеска или утре во Брисел ќе се одобри почеток на преговори

Амбасадорите на Италија и на Полска во земјава, Карло Ромео и Војчех Тицински остануваат оптимисти дека денеска или утре лидерите на ЕУ ќе одобрат почеток на преговори на земјава, бидејќи, како што велат, Северна Македонија ги исполни сите предуслови за тоа.

„Позицијата на Италија за европската перспектива на вашата земја отсекогаш била јасна,  цврсто ја поддржуваме аспирацијата на Северна Македонија да отвори преговори со ЕУ, што е можно побрзо. Тоа веќе го потврдивме и во јуни минатата година“, рече денеска Ромео.

Италијанскиот амбасадор кој присуствуваше на завршниот настан „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“, изрази жалење дека она што во моментот е актуелно во Брисел е оти не постои едногласност по тоа прашање кај земјите-членки, но сѐ уште се оптимисти дека на земјава ќе ѝ се одобри почеток на преговори.

„Се надеваме дека ќе најдеме можен компромис. Во секој случај, каква и да биде одлуката, местото на С. Македонија е во ЕУ“, порача тој.

Позицијата на Полска е многу слична со италијанската, а полскиот амбасадор Тицински вели дека од самиот почеток го поддржуваат пристапувањето на Македонија во ЕУ и почетокот на преговори.

„Знаеме дека на високо ниво не сите наши пријатели го споделуваат нашето мислење. Но, се надеваме дека уште вечерва или утре тие недоразбирања ќе бидат решени и оти ќе се овозможи почетокот на преговорите“, изјави Тицински.

Тој додава дека ако тоа не се случи, останува земјава да ја убеди Европската Унија, односно земјите-членки дека сѐ она што било поставено како предуслов е исполнето и со аргументи да побараат отворање на преговорите.  

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе