Анкета

Истражување на Евротинк: Односoт на ЕУ кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки

Дури 59,2 отсто од граѓаните, за разлика од ланските 30,3 отсто, сметаат дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки. Преполовен е и процентот на граѓани кои мислат дека односот на ЕУ кон Македонија е фер, пријателски и коректен (21,2 проценти во 2020 наспроти 42,9 отсто во 2019), покажуваат податоците од анкетата Еврометар на центарот за европски стратегии Евротинк за евроинтеграциите и довербата на граѓаните во државните институции.

Една третина од граѓаните смета дека Македонија се соочува со закани од некоја држава. Според овогодинешните резултати, најголем дел од нив сметаат дека тоа е Бугарија (77,88 отсто), дури трипати повеќе од лани. Секој петти граѓанин смета дека Македонија нема пријатели, додека најголеми сојузници на земјата препознаваат во Србија, Германија, САД и Турција, покажува истражувањето на Евротинк.

Во споредба со лани, годинава е зголемен процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа” (67,3 отсто) и „корисна работа” (70 отсто),

„Дополнително се зголемени и очекувањата за брз влез во ЕУ, а две третини (65,9 проценти) од граѓаните би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ. Главните причини за поддршката за влез во ЕУ се економски, односно подобар животен стандард и намалување на невработеноста. Како дел од главните причини за одбивање на влез во ЕУ, граѓаните ги наведуваат стравот од губење на националниот идентитет и скептичноста дека нешто ќе се подобри“, велат од Евротинк.

Во однос на перцепцијата кон институциите, продолжува трендот на највисока доверба во армијата (63 проценти), веднаш зад неа се полицијата (43 проценти) и религиозните заедници (43 проценти). Најниска доверба граѓаните имаат во судството (14 отсто), обвинителството (14 отсто) и Државната комисија за спречување на корупцијата (16 отсто).

Во врска со безбедноста пак, граѓаните на Македонија се чувствуваат безбедно, пред сѐ во својата населба (82 отсто), град/село (76 отсто) и во државата (60 отсто). Главните безбедносни грижи се поврзани со криминал, здравство/ковид-19, како и заради економски причини. Иако генерално веруваат дека полицијата ќе ги заштити доколку имаат потреба, граѓаните се скептични дека оваа институција е независна од политичките, владините и бизнис интересите.

Истражувањето е спроведено (од 10-21 декември на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници) во рамки на проектот „Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24″ спроведен од Евротинк.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе