Историската комисија ја заврши средбата со резултат „нула“, главен проблем придавката „македонски“

Единаесеттата средба на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија заврши неуспешно, потврдија двајцата копретседатели на Комисијата, Ангел Димитров од бугарска страна и Драги Ѓоргиев од македонска страна, по дводневниот онлајн-состанок.

Димитров на заедничката онлајн прес-конференција рече дека резултатот од средбата е нула и ги обвини македонските колеги дека одбиле да ги потпишат записниците од претходните средби.

„Нашите колеги настојуваа насекаде да се стави ‘македонски‘, што не е во согласност со востановената практика“, рече Димитров.

Според него, без резултат завршила и точката за Цар Самуил, бидејќи, како што рече, македонската страна отстапувала од веќе подготвен заеднички текст.

„За жал, се движиме многу полека, како желка“, додаде Димитров.

За претседателот на македонската комисија Ѓоргиев, средбата поминала во академска атмосфера, со плодна многуслојна дискусија, која не дала никакви резултати.

Драги Ѓоргиев

„Голем дел од средбата беше посветен на записниците од 9. и 10. средба и главен проблем е употребата на придавката ‘македонски‘. Потоа со толкувањата за Самуиловата држава, спротивставени се и гледањата за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади“, рече Ѓоргиев.

Главен проблем, вели, е што се избегнува една мултиперспективност во учебниците по историја и идејата да се наметне едно решение.

„Имаме спротивставени гледања и за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како треба да изгледаат идните учебници во Македонија и Бугарија. Тука зборуваме различни јазици. Не се сака да се понудат повеќеслојни видувања. Гоце Делчев многу малку беше тема во текот на денешниот дел од дводневната средба, па не беше можно да се направи никакво поместување“, рече Ѓоргиев.

Ж.П.Б.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе