Професор од Бугарската академија на науки

Историјата не „помина“ кај европските партнери, па се свртевме кон правата на Бугарите во Македонија, вели Ташев

Бугарскиот професор Спас Ташев од Институтот за следење на населението и хуманистички студии при Бугарската академија на науки (БАН) вели дека Македонија има воспоставена идеолошка шема на дебугаризација и поради тоа се обидува да користи секакви пристапи кои ќе овозможат да се заобиколи основното бугарско барање за зачувување на бугарските национални интереси.

Фото: Принтскрин БНТ

„Ние тргнавме низ историјата, тоа е едно силно чувство за секој Бугарин, но се покажа дека дека историјата како порака не кажува ништо за нашите евроатлантски партнери, па се направи делумна надградба на пристапот кон Република Северна Македонија. Бугарија го сврте своето внимание кон човековите права“, изјавил Ташев за БНТ.

Во тој пристап, како што вели, Бугарија нашла сојузник на кого сѐ уште не му се обрнува неопходно внимание, а тоа се самите македонски Бугари.

„Тие го покренаа прашањето дека се дискриминирани, маргинализирани, нивните деца дури не смеат да одат на училиште затоа што ги исмеваат, се соочуваат со вперен прст и од соучениците и од наставниците, па се обратија до бугарскиот претседател и му ги објаснија сите овие прекршувања“, објаснува Ташев.

Според него, нивните барања наидоа на одѕив и за прв пат пред два месеци во Словенија, претседателот Радев многу јасно ги формулираше бугарските цели - т.н. „Пристап 5+1“.

Во разговорот за БНТ Ташев уште нагласува дека човековите права се во центарот на бугарските цели и додава дека земјите на чија агенда беше членството на Северна Македонија во ЕУ почнале да покажуваат некакво разбирање за Бугарија.

„Сметам дека со таков пристап Скопје нема можност да маневрира настрана, бидејќи не може да одбие да ги исполни барањата“, вели тој.

За Ташев уште еден дискриминаторски пристап е изјавата на премиерот во оставка Зоран Заев кој не негира дека во земјава има Бугари, но ветува дека ќе им бидат дадени права кога земјата ќе стане членка на ЕУ.

Меѓу серијата обвиненија кои ги изнесува е и тврдењето дека Македонија води медиумска војна, финансирана од владата во Скопје, која шири лажни информации за Бугарија.

„Еден од условите што ги поставува Бугарија е да се престане со говорот на омраза“, вели тој.

Ташев уште е дециден дека и за темата „историја“ Бугарија не само што нема да отстапи, туку и ќе ја надградува.

Легенда под Главна слика

Фото: Принтскрин БНТ

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе