Истражување на Призма.мк

Ист газда со две фирми увезува јаглен за РЕК Битола, а претходно се занимавал со преработка на месо

Формирани непосредно по јавниот повик, фирмите добиле државен бизнис вреден речиси 9,5 милиони евра, се вели во истражувањето спроведено до Призма.мк.

Две од трите фирми со кои државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен имаат ист човек во сопственичката структура, 45-годишниот тетовец Аљибер Ибраими.

Податоците што ги добивме од Централниот регистар покажуваат дека првата фирма, со име Куантум солушнс, му е регистрирана на денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за набавка на јаглен, на 31 март годинава. Тој, до минатата недела, беше нејзин единствен сопственик и управител, кога во сопствеништвото на фирмата влегол Лазар Кимов.

Втората, пак, Енергија икс ја поседува заедно со бизнис-партнерка од Скопје, 44-годишната Ана Христовска, а почнала со работа на 5 мај, кога повикот веќе течел. И двете се микро-компании и се регистрирани за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива.

На 13 јуни, комисијата за јавни набавки на ЕСМ го затворила повикот и објавила дека се избрани четири понуди за набавка на 550 илјади тони јаглен поднесени од три фирми (една доставила две понуди, што било дозволено со правилата на повикот).

Овој јаглен, како што објаснија од компанијата, ќе се користи за хомогенизација на тој што се ископува во РЕК Битола, кој е со ниска калорична вредност и е несоодветен за исполнување на планот на ЕСМ да го зголеми домашното производство на струја за 20 отсто, и со тоа стопроцентно да ги покрие потребите од електрична енергија за домаќинствата. Увезувањето јаглен наместо струја беше најавено како една од клучните мерки со кои владата ќе се справува со големата енергетска криза со која се соочува целиот свет.

Најголемиот дел, 400 илјади тони, ќе го обезбеди албанската компанија Хај тауерс од Тирана, која ќе носи јаглен од својата земја и за тоа ќе наплати 22 милиони евра.

Албански јаглен ќе увезува и Енергија икс, 50 илјади тони, а Куантум солушнс треба да донесе 100 илјади тони јаглен од Грција. Со тоа, овие две фирми, речиси непосредно по формирањето, добиле државен бизнис вреден околу 9,5 милиони евра.

Никаква информација не е достапна за овие компании, освен адресите на кои се регистрирани во главниот град – Куантум солушнс на булеварот Партизански одреди, а Енергија икс во трговски центар на улицата Лондонска. Немаат ниту телефонски броеви, ниту имејл адреси, ниту профили на познатите социјални мрежи.

Како овие две непознати лица, со нивните новоотворени фирми, успеале да ја надминат конкуренцијата и да се вклучат во енергетскиот бизнис каде што се вртат милионски суми, е непознато, пишува Призма.

Ниту Ибраими, ниту Христовска и Кимов не се познати во енергетскиот бизнис во земјава. За Ибраими има податоци во Централниот регистар дека во последниве неколку години е активен во бизнисот со живина и со преработка на месо од живина во полошкиот регион, а има и фирма за изградба на станбени згради, која од основањето во 2018 до крајот на 2020 (до кога се достапни финансиските податоци) нема остварено ниту денар приход. За Христовска нема прецизни податоци.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе